Том Круз  ја доби највисоката награда на францускиот Аеро-клуб за неговиот придонес во историјата на воздухопловството и за инспирација за идните пилоти, пренесоа француските медиуми.

Највисокото признание на оваа престижна историска институција основана во 1898 година, една од најстарите сè уште активни организации на француските авијатичари.

Круз, познат по изведувањето смели акробации, скокањето од авиони и пилотирања на филмските сетови, беше препознаен од професијата и му беше доделено признание за неговото влијание врз историјата на авијацијата.

Актерот, чија последна улога е во актуелниот филм „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, има изведено екстремни воздушни подвизи, вклучително и летање со двокрилецот „Boeing Stearman“ на 3.000 стапки.

Неговата страст за воздухопловството продолжи во филмот „Top Gun: Maverick“, а тој изведе скок со падобран на отворањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *