Американскиот пејач Џастин Тимберлејк се изјасни за виновен по обвинението дека возел во алкохолизирана состојба во судот во Сег Харбау, Лонг Ајленд, откако беше уапсен во јуни во Хемптонс.

Тој првично се изјасни за невин по прекршочната пријава дека возел во алкохолизирана состојба, а потоа му беше суспендирана возачката дозвола за време на рочиштето минатиот месец.

Потсетуваме дека Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, Њујорк на 18 јуни, нешто по полноќ, откако полицијата соопшти дека во центар на село „прелетал“ на знакот стоп и скршнал од својата лента и дека полицајците почувствувале мирис на алкохол од пејачот кога излегол од своето БМВ.

Тимберлејк рече дека е „благодарен на приликата да тргне напред“ и дека ќе ја користи својата платформа за да им помогне на другите да носат подобри одлуки.

„Требаше подобро да просудувам. Ја разбирам сериозноста на ова“ рече Џастин.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *