„The Weeknd“ го сруши Гинисовиот рекорд и стана најпопуларниот музичар на светот.
Неодамна тој стана првиот изведувач којшто постигна 100 милиони слушања месечно на „Spotify“. Наведуваат дека никој друг не е ниту близу до успехот на пејачот на спомнатиот стриминг. Имено, 33-годишниот музичар поставил два светски рекорди – пејач којшто месечно има најмногу слушатели на „Spotify“ и првиот уметник којшто некогаш успеал да има 100 милиони слушатели месечно на стримингот.
Инаку, песната на пејачот од 2020 година „Blinding Lights“ е најслушаната песна на „Spotify“ на сите времиња, со над 3,47 милијарди прегледи, пренесува „CBS News“.
Музичарот на почетокот на 2020 година објави спот за оваа песна, а досега на Јутјуб прегледан е над 691 милиони пати. Само два месеци по објавувањето на песната таа била во топ 100 песни на листата на „Bilboard“.
Неговата песна „Starboy“ исто така е една од најслушаните песни на сите времиња на „Spotify“.