Во Штип од почетокот на годинава важат нови цени за такси превозот, донесени со одлука на Советот на Општината на крајот од минатата година.

Почетната тарифа останува 70 денари, но веќе не се вклучени првите два километри како досега. По стартот, секој изминат километар се наплатува по 25 денари, а еден час чекање чини 300 денари.

За возење во ноќните часови, од 22:00 до 05:00 часот, стартната цена е 90 денари, со дополнителни 25 денари по километар.

Паралелно со ова, зголемени се и цените за паркирање во центарот на градот. Годишната паркинг-карта која претходно изнесуваше 2.000 денари сега чини 5.200 денари.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *