Ова е проект во кој ја вложив целата своја емоција, искреност и душа, и во музиката, и во текстот, и во аранжманот….
Вака, популарниот Александар Тарабунов Тара го најавува новиот сингл, одличната „Пеј“, која денеска ја имаше својата радиска промоција.
– При создавањето се изненадив колку природно песната доби светски звук и атмосфера. Во периодот пред нејзиното создавање интензивно слушав музика од Chris Rea, Barry White и Simply Red, чија естетика и емоција несвесно ме инспирираа да создадам топол и квалитетен звук со интернационален призвук. „Пеј“ е искрена песна, создадена од љубов кон музиката и желба таа вистински да допре до слушателот, вели Тара.
Песната официјално излегува задутре, заедно со видео спот, за кој кадрите ги сними самиот автор на островот Хвар во Хрватска, а за монтажата се погрижи Зоран Зонде Стојановски.

