Уште една апликација која има приличен удел во виралните моменти е „Би-риал“ (BeReal), лансирана во 2019 година од француските претприемачи Алексис Барејат и Кевин Перо. Апликацијата бара од корисниците да снимат симултана слика на предната и задната камера секој ден во одредено време, во период од две минути.
BeReal, моментално број 1 апликација за социјално вмрежување во американската продавница за апликации на „Епл“, рапидно расте. Огромното мнозинство од 28-те милиони преземања се случија оваа година, според Business of Apps.