ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, Светскиот ден на пијаното ќе го одбележи со три пијано-концерти, во Мултимедијалниот центар при УГД на 30 и 31 март.
Денеска ќе се одржат два концерта, со почеток во 18 и 20 часот, на кои ќе се претстават вкупно 80 пијанисти – ученици од основното музичко образование.
Утре ќе се одржи еден концерт со почеток во 19 часот, на кој ќе настапат ученици од средното музичко образование.
На настанот се поканети и ученици од основните музички училишта од Струмица, Радовиш, Велес и Пробиштип.
Осумдесет и осмиот ден од годината е посветен на Светскиот ден на пијаното, кој за првпат започна да се одбележува во 2015 година по иницијатива на германскиот пијанист и композитор Нилс Франс.
