Во 1999 година Обединетите Нации со резолуцијата 54/120 го усвојуваат 12 август како Меѓународен ден на младите, со цел да се привлече вниманието на меѓународната заедница за младинските прашања и да се слави потенцијалот на младите како партнери во денешното глобално општество.

Во Македонија младите се една четвртина од вкупното население. Соочени со голем број на предизвици, денеска тие сеуште се на маргините на општеството, не ретко исклучени од процесите на донесување на одлуки и без механизми за нивна поддршка.

Она што е значајно за денешниот ден е тоа дека 12 август е Светски ден на младите (International Youth Day)

Овој ден е воспоставен со Резолуцијата А/RES/54/120 на Генералното собрание на ОН, усвоена на 17 декември 1999 година, а првпат е одбележан на 12 август 2000 година.

Целта на Светскиот ден на младите е:

Да се подигне свеста за младинските прашања;

Да се промовира вклученоста на младите во општествените процеси;

Да се охрабри дијалогот меѓу младите и институциите;

Да се поттикнат политики кои ја подобруваат благосостојбата на младата популација.

Секоја година, денот се одбележува со различна тематска насока, во согласност со актуелните предизвици и потреби на младите ширум светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *