Низ целата планета, 20 октомври е Светски ден на готвачите. Готвењето е еден вид уметност, бидејќи бара голема вештина во мешањето на состојките кои треба да ги задоволат сите пет сетила. И навистина, не може секој да биде готвач, затоа што треба, пред сѐ, да ја сакате оваа работа. Денеска (20. октомври), се прославува Меѓународниот ден на готвачите, чија професија важи за една од најстарите професии на светот. Имено, првите рецепти се зачувани уште од времето на древните цивилизации. Затоа, не е тешко да се открие што сакал да јаде еден цар или фараон пред илјадници години.На крајот на средниот век, Италија станала центар на кулинарската извонредност. Во Русија, професијата готвач се појавила во 11 век, а кулинарската уметност како посебна наука се појавила дури во 18 век, кога Санкт Петербург станал средиште на кулинарскиот развој.

