На глобално ниво, околу 422 милиони возрасни лица живееле со дијабетес.  Глобалната преваленца на дијабетес е речиси двојно зголемена од 1980 година, од 4,7 oтсто на 8,5 отсто кај возрасната популација.

Еден од факторите на ризик се прекумерната тежина или дебелина. Во текот на изминатата деценија, преваленцата на дијабетес се зголемила побрзо во земјите со низок и среден приход отколку во земјите со високи приходи.

Дијабетесот е главна причина за слепило, откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Здравата исхрана, физичката активност и избегнувањето на употребата на тутун може да го спречат или одложат дијабетесот тип 2. Дијабетесот може да се третира и неговите последици да се избегнат или одложат со лекови и редовен скрининг.

Во 2007 година Генералното собрание ја усвои резолуцијата 61/225 со која го прогласи 14 ноември како Светски ден на дијабетесот. Документот ја препозна „итната потреба за продолжување на мултилатералните напори за промовирање и подобрување на здравјето на луѓето и обезбедување пристап до третман и образование за здравствена заштита“.

100 години по откривањето на инсулинот, милиони луѓе со дијабетес ширум светот не можат да пристапат до потребната нега. На луѓето со дијабетес им е потребна постојана грижа и поддршка за да се справат со нивната состојба и да се избегнат компликации.

Стогодишнината од откривањето на инсулинот претставува единствена можност да се донесат значајни промени за повеќе од 460 милиони луѓе кои живеат со дијабетес и за милионите повеќе изложени на ризик.

Дијабетесот е хронична болест, која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Ова доведува до зголемена концентрација на гликоза во крвта (хипергликемија).

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *