Некои го слават виното, некои љубовта, некои и двете. Младите го славаат Свети Валентин, постарите Свети Трифун. Дали славењето на едниот или на другиот е погрешно и колку е во согласност со македонската традиција?
Заговор или ден на љубовта
Пред смртта на Валентин ја покажал својата љубов кон една жена со цвет и писмо, а токму ова го прават многу парови низ целиот свет. Статистиката покажала дека во 2011-та година во Италија биле продадени 14.000 рози како и вртоглаво голем број на парфеми, козметика и долна облека.
Свети Трифун
Се верува дека Свети Трифун ги штити лозјата од град и штетници и дека на денот на неговата смрт треба да се закројат лозјата.
Од друга страна пак, Свети Валентин се слави во повеќе католички земји, но кај нас во последните две децении масовно се одбележува меѓу младите како ден на вљубените.