Денес народот го празнува маченикот Фануриј кој се смета за заштитник на учениците и студентите, а познат обичај меѓу народот е правењето фанурија лепче.
Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти септември. Маченикот Фануриј, кој најмногу се славел во Македонија, Мисир, Родос и на островот Крит. За него скоро ништо не се знае, ниту во кое време живеел, ниту кои му биле родителите, ниту од каде потекнува, бидејќи неговото житие се изгубило.
На Крит претежно го почитувале козарите, кои дури и го сметале за нивен заштитник и помошник за откривање на изгубените стада.
Св. Фануриј мнoгу сe слави и вo Eгипeт, каде пoстoи прeданиe дeка нeгoвата мајка била тeшка грeшница.

