Од вчера официјално започна новата студиска година, но студиските услови во Штип годинава се значително влошени, откако градот остана без единствениот студентски дом кој се наоѓаше во централното подрачје. Овој дом некогаш беше државен објект, кој ги сместуваше студентите од сите краеви на Македонија, носејќи живот и џагор во самиот центар на Штип. Во последните години, домот е приватизираан и се наоѓа во алармантна состојба – разрушен, запуштен и речиси нефункционален.
Денес, единствениот студентски дом е опкружен со депонии и привремени жители кои се сместени во него. Општината пред две недели најави дека овие лица ќе бидат преселени во типски куќи во населбата „Света Недела“, но до денес реално преселување сè уште не се случило. Иако на овие луѓе им се обезбедени три оброци дневно и бесплатна електрична енергија, трошоците за кои најверојатно ќе паднат на товар на останатите граѓани, прашањето за нивната преселба останува отворено.
Ситуацијата го става во фокус повторно прашањето за ефективноста на општинските мерки и за тоа кога конечно ќе се обезбедат услови за студентите да живеат во безбедна и нормална средина, како и кога ќе се реши проблемот со привремените жители. Оваа состојба создава дополнителен притисок врз младите кои се запишуваат на високообразовните институции во Штип, а кои очекуваат пристоен дом за време на студирањето.
Градот Штип, со својата традиција како студентски центар, сега се соочува со предизвик да ги врати студентите во безбедна и хумана средина, која некогаш беше препознатлива по животот и енергијата што ја носеше студентскиот дом во центарот на градот
.