Уште две седмици граѓаните од ромска националност ќе останат сместени во стариот студентски дом во центарот на Штип, потврдија за „Енџелс ФМ“ од општината. Од таму додаваат дека во текот на овој месец тие ќе бидат преселени во новите типски куќи во населбата „Света Недела“
Засега не е јасно дали нивниот престој е финансиран од општинскиот буџет или од сопственикот на студентскиот дом, а од општината не дадоа одговор ниту на прашањето кој ги снабдува со бесплатни оброци овие жители кои веќе два месеци се смесетни во најстариот студентски дом во градот кој некогаш беше во државна сопственост.
Она што е значајно да се истакна е тоа дека студентскиот дом се наога во стогиор центар на градот каде што во последен период, се забележуваат знаци на нехигиена и фрлање на отпад.
Инаку најавеното започнување на новата студентска година, што традиционално би требало да донесе живост и полни студентски простории од септември/октомври, денес за жал, изгледа поинаку. Наместо со студенти, коридорите и просториите на домот се сведени на привремено сместување, оставувајќи впечаток на несреденост и запоставеност.


