Пријавувањата за десетото издание на „Струмина Треил“, најголемата  планинска трка во Штип, веќе се отворени. За учество, заинтересираните можат да се пријават онлајн преку пополнување на формуларот на официјалната веб-страница на настанот.

Трката ќе се одржи на 24 ноември, а стартот ќе биде поставен пред Средното медицинско училиште „Јане Сандански“.

Трката е отворена за сите љубители на планинското трчање, без оглед на нивото на физичка подготовка – од професионални спортисти до рекреативци. Како и секоја година, „Струмина Треил“ ќе биде вистински предизвик, како физички, така и психички, а истовремено ќе им овозможи на учесниците да уживаат во убавините на природата.

Дистанца: 18,5 километри

Висинска разлика: 750 метри

Патека: Учесниците ќе ја поминат низ некои од најпознатите чешми во регионот: Струмина, Љупчова и Курт Бунар, што ја прави трката не само физички предизвик, туку и вистинско патување низ природните убавини на Штипскиот регион.

„Струмина Треил“ е настан кој за прв пат беше организиран во 2014 година, а со секоја година станува сè популарен и признат на македонската и регионалната сцена на планинско трчање. Оваа година, по повод јубилејот, се очекува уште поголем број учесници, како од Македонија, така и од странство.

Секое следно издание на „Струмина Треил“ привлекува нови учесници – млади тркачи кои се подготвени да го прифатат овој предизвик, како и искусни спортисти кои сакаат да го тестираат своето издржување на патеките во оваа живописна  околина.

Инаку досега најмладите учесници биле на возраст од 16-17 години додека пак највозрасниот 75 години

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *