Во строгиот центар на Штип, во зградата што некогаш беше Студентски дом — објект со историска и општествена вредност — ќе бидат сместени 12 ромски семејства. Оваа зграда, која долго време беше под државна сопственост, а потоа функционираше под приватно управување, сега добива сосема нова намена.
Се поставува прашањето , Дали е оправдано да се жртвува уште еден архитектонски и културен белег на градот, без јасна визија, манипулации и транспарентен процес.
Ако ова решение е само привремено, какви се гаранциите дека објектот нема да биде трајно деградиран?
Дали постојат анализи за тоа какви социо-урбани последици ќе има оваа интервенција, особено за централното градско подрачје? И конечно — дали државата повторно користи “ад хок” пристап наместо системско, инклузивно и одржливо решение? Во време кога урбаното наследство е веќе сериозно загрозено, секоја одлука што води кон деградација на значајни објекти треба да биде темелно преиспитана. Да не дозволиме под изговор на социјална одговорност да се прикриваат лоши политики, импровизации и неусогласени чекори што оставаат долготрајни последици врз градот и неговите жители.