На денешната седница на Советот на Општина Штип, мнозинството советници со 15 гласа го одобрија покачувањето на паушалите за членовите на управните и надзорните одбори на јавното претпријатие „Исар“ и „Стипон“.
Според новата одлука:
ЈП Исар Управен Одбор
-
Претседателот на управниот одбор ќе добива паушал од 8.000 денари, а членовите по 6.000 денари.
ЈП Исар Надзорен Одбор
Претседателот на надзорниот одбор на ЈП „Исар“ ќе зема 6.000 денари, а членовите по 4.500 денари
Што се однесува до Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Стипон паушалите си исти и се следни:
ЈП Стипион Управен одбор/надзорен одбор
Претседателот на управниот одбор ќе добива паушал од 6.000 денари, а членовите по 5.000 денари.
Дополнително, Советот донесе одлука за субвенционирање на ЈП „Исар“ со 10 милиони денари од буџетот на Општина Штип, поради тешкотиите во функционирањето на претпријатието.
