Семафорите во населба Сењак се исклучени наменски имајќи во предвид дека со затвoрањето на булеварот Партизанска се создаде поголем метеж.
Оваа светлосна сигнализација е проектирана по број на возила кој што транзитираат на оваа крстосница, и на овие сообраќајници кога во функција беше булеварот Партизанска.
„Со затворањето на булеварот Партизанска се јави проблем на едниот крај на крстосницата односно има многу поголем број на возила и големи редици, бидејќи самата светлосна сигнализација според истражувањата е темпирана за одреден број на возила. Поради големите колони е одлучено сообраќајните правила да бидат сообраќајните знаци“ истакна денеска во интервју за Angels FM градоначалникот на Штип Иван Јорданов