Граѓаните на Штип синоќа се собраа на плоштадот Слобода во знак на почит кон жртвите на трагичниот пожар во Кочани. Со молк и солидарност, тие изразија сочуство на починатите меѓу кои и пет млади од Штип.

Потоа, од Плоштадот се упатија на мирен марш за почит на починатите и повредените во трагедијата, ги поминаа централните градски улици околу реката Отиња, кај Соборниот храм „Свети Никола“ каде претходно имаше панахида од свештениците на Брегалничката Епархија и го продолжија патот повторно до плоштадот каде положија цвеќе, запалија свеќи…

Во изминатите денови вакви протестни маршеви имаше и од средношколците во Штип кои упатија порака со слоганот „Секој еден може да биде следен“ и побараа правда и одговорност.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *