Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери, доби 11 месеци казна затвор.

Портпаролот на Основниот суд – Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот за сторено кривично дело насилство. Тој е осуден на казна затвор од 11 месеци, а пресудата не е правосилна, следи периодот на жалби до Апелациониот суд во Штип.

Инцидентот се случи на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип на 24 август годинава.

 

извор телевизија 24

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *