Најстариот хотел во Штип Хотел „Гарни’ ќе биде заштитен и реставриран. Новиот инвеститор  има јасно дефинирани услови по кои ќе стопанисува со најстариот хотел во градот кој е изграден во 1924 и обележје на Штип . Продавањето на овој објект незначи дека на оваа локација ќе има можност да изгради или да ја сруши најстарата Хотелска зграда туку ќе треба да  го реставрира и согласно намената да го менаџира.

„Општина Штип нема дејност да управува со хотел, ниту пак има ресури да го менаџира, ниту пак професионално може да го работи тоа. Жалам што во минатото Хотел „Гарни“ бил изнамјуван за симболични износи на одредени стопанственици од нашиот град кои не се придржувале кон договорите за соодветна рехабилитација, реставрација и инвестирање во рамки на објектот. Не само што немало инвестиција туку не се плаќале надоместоците кон општината  и покрај тоа што биле симболични. Ова се причините за предвремено раскинување на договорот и да влеземе во фаза на оживување на овој објект односно ставање во функција“ истакна во денешното Интервју за Радио ANGELSFM Иван Јорданов-градоначалник на О.Штип  

„Ние можеме да го зачуваме хотелот како музеј на градот но Опцијата е или да биде еден вид музеј или да си ја задржи намената која е потребно односно  да ја има со вистински реставриран изглед во центарот на градот. Ние одлучивме да биде втората опција затоа што на тој начин ќе имаме функционален објект.

Условите не дозволуваат да Хотелот биде срушен или на негово место да биде изграден некој друг објект додаде Јорданов

Освен за Хотел Гарни во денешното Интерву зборувавме и за повеќе локации во градот кои ќе бидат заштитени, реставрирани и ќе бидат Туристичка атракција на Штип.

Следната содржина ќе биде објавена наскоро од денешното Интервју.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *