Во срцето на Штип, пред паркот Суитлак, некогаш постоеше единствената јавна чешма со питка вода денес ја нема. Доколку тргнете на прошетка низ центарот на градот, речиси е невозможно да најдете функционална чешма. Јавните чешми, кои некогаш беа симбол на градската култура и гостопримство, денес стојат суви, уништени или целосно исчезнати.
Во летните месеци, кога температурите се искачуваат над 35 степени, отсуството на достапна вода за пиење не е само непријатност – тоа е директен ризик за здравјето, особено за постарите граѓани, децата и туристите. Да се движите низ град без можност да се напиете вода е поразително за еден модерен урбан центар каков што претендира да биде Штип.
Ова не е само прашање на удобност, туку на основна урбана култура и грижа за заедницата. Обновата на јавните чешми е мал, но важен чекор кон поудобен, поздрав и похуман град.


