Два дена по ред жителите на Штип беа изложени на силни, стресни звуци кои одекнуваа низ градот. Голем дел од граѓаните истакнаа дека во текот на изминатиот викенд се слушале постојано серија детонации и бучави кои личеа на експлозии од топови, ракети. Најмногу беше почуствувано во центаралоното градско подрачје и населбите Деснаци и Леваци.

Од МВР или СВР-Штип не беше издадено никакво соопштение или предупредување за можната активност. Надлежните институции, според граѓаните, пропуштиле да ја информираат јавноста за нешто што очигледно имало големо влијание врз секојдневието на луѓето.
Одговорните тела досега не го потврдија ова, ниту издадоа предупредување или соопштение, освен тоа дека се појавија информации во јавноста за воена активност меѓународна вежба на Криволак, но и покрај тоа, присуството на толку силни експлозии во населени подрачја бара навремена комуникација со јавноста.
Ова предизвика загриженост кај Штипјани, кои се соочија со неочекувани звуци во текот на целиот ден, нарушувајќи го нивниот мир и создавајќи чувство на страв.
