Лигата на шампионите почнува вечерва а од оваа сезона доби револуционерни промени. УЕФА целосно го смени форматот и ништо повеќе нема да биде исто. Елитното натпреварување ќе се игра во нов формат од оваа година, бројот на клубови е зголемен од 32 на 36, нема повеќе групи, туку сите учесници формираат една лига, а секој клуб ќе одигра по осум натпревари.

Според новиот формат, Лигата на фудбалските шампиони добива и рекорден број натпревари. Наместо досегашните 125 меча, вкупно ќе се играат 189 натпревари. Тоа е дополнителен замор за фудбалерите, меѓутоа повеќе пари за организаторите и многу повеќе возбудувања за навивачите кои ќе уживаат во елитен фудбал. 

Тронот по петнаесетти пат во историјата го брани најтрофејниот Реал Мадрид. „Кралевите“ во ланското финале со 0-2 ја совладаа Борусија Дортмунд во Лондон

 

Лига на шампиони, 1. коло:

вторник, 17.септмври:

18:45 Јувентус – ПСВ Ајндховен
18:45 Јанг Бојс – Астон Вила
21:00 Баерн – Динамо Загреб
21:00 Милан – Ливерпул
21:00 Реал – Штутгарт
21:00 Спортинг Лисабон – Лил

среда, 18.септември:

18:45 Болоња – Шахтјор
18:45 Спарта Прага – Салцбург
21:00 Клуб Бриж – Борусија Дортмунд
21:00 Селтик – Слован Братислава
21:00 Манчестер сити – Интер
21:00 Пари Сен Жермен – Џирона

четврток, 19.септември:

18:45 Црвена звезда – Бенфика
18:45 Феенорд – Баер Леверкузен
18:45 Аталанта – Арсенал
21:00 Атлетико Мадрид – Лајпциг
21:00 Монако – Барселона
21:00 Брест – Штурм

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *