Денеска е 29-ти септември, Светскиот ден на срцето, кој има за цел да ја подигне свесноста за важноста на здравјето на срцето.
Овој ден ги обединува луѓето од целиот свет со мисијата да поттикнат превентивни мерки против кардиоваскуларни болести.
Со 17,9 милиони случаи на прерана смрт, тие остануваат водечка причина за прерана смрт на глобално ниво, а според проекциите на Светската Здравствена Организација (СЗО), овој број до 2030 ќе се искачи на 23,6 милиони лица.
Најмалку 80% од сите срцеви болести може да се спречат, а најчестите ризик фактори се поврзани со животниот стил: пушење, физичка неактивност, неправилна исхрана и прекумерна употреба на алкохол, кои доведуваат до четири клучни метаболни/физиолошки промени: покачен крвен притисок, прекумерна тежина/дебелина, покачено ниво на шеќер во крвта и покачен холестерол, кои директно водат до кардиоваскуларни заболувања.