Борбата на штипјанецот Мартин Србиновски беше прогласена за најатрактивна на меѓународниот турнир што се одржа во Малта.

Србиновски настапи во исклучително силна конкуренција во категоријата до 125 килограми, каде што со својата борбеност, техничка зрелост и спортски дух успеа да го привлече вниманието на организаторите и публиката.

На турнирот учество зедоа претставници од осум држави: Македонија, Бугарија, Србија, Малта, Ирска, Велс, Англија и Италија. Меѓу нив настапи и македонската делегација составена од клубовите „Олимпија“ од Штип и „Вардар“ од Скопје.

Мартин  со овој настап уште еднаш ја потврди својата форма и квалитет. Неговиот двобој, кој беше оценет како највозбудлив и најатрактивен на целиот турнир, претставува големо признание и мотив за понатамошни успеси.

Мојата борба беше поргласена за најатрактивна борба на турнирот“, изјави Мартин, истакнувајќи дека ваквото признание е резултат на напорната работа, но и посветеноста низ годините.

Овој успех претставува уште еден значаен чекор напред за македонското борење на меѓународната сцена и потврда дека нашите спортисти имаат што да покажат во европската и светската конкуренција.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *