Монтираниот објект на местото на споменикот на Александар Македонски на штипскиот плоштад и покрај реакциите, денес изгледа сосема поинаку. Наместо споменик, граѓаните гледаат затворен монтажен објект чија функција се уште не е јасна. Но, она што е уште помалку јасно е како и зошто дојде до оваа промена?

Овде произлегува и прашањето дали овој објект ќе се води според урбаната програма каде спаѓаат киосци за билети, весници или сувенири, храна? Доколку, навистина се работи за киоск или урбана точка каде се тие функции? Напротив, само затворена структура без јасна намена.

Дополнително, според податоците од Општина Штип, закупот на ова место чини симболични 600 денари по метар квадратен месечно. И уште поважно – дали приходите од оваа наемнина навистина се враќаат во инфраструктурен развој?

Трошоците за отстранување на споменикот, исто така, се мистерија. Кој ги покри? Општината? Инвеститорот? Или пак, како и многупати досега, граѓаните?

Во очекување на конкретни одговори, јавноста останува со впечаток дека одлуките се носат без отчетност, на штета на јавниот простор.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *