Љупче Михајлов, Драгана Ефтимовска и Душица Бреслиска се тројцата штипјани каратисти кои ќе зедат учество и се во тимот на Македонската карате репрезентација. КК Штип повторно го обели образот на град Штип со  учествувото на изборниот турнир за кадети и јуниори и постари јунуиори до 21 година. Заедно со тренерите Сашко и Шарко Аровски штипјани повторно извојуваа победи и се пласирраа на Светско првенство кое ќе се одржи наредниот месец во Венеција-Италија.

Подготовките се веќе започнати се е во најдобар ред, имаме одлични услови и се надеваме дека ќе нема никави повреди. До почеток на СП ќе имаме неколку контролни натпревари и се надеваме на одличен успех истакна  за AngelsFM радио Жарко Арсовски-тренер на КК-Штип

Инаку досега во историјата на Штип и Македонија, Емил Павлов и Жарко Арсовски имаат освоени медали, во далечната 2001 во Атина истотака Сашко Арсовски станат трет најдобар во Европа. Исто големи успеси се очекува и од помладите генерации додаде Арсовски.

До крајот на годината следуваат контролни натпревари во Подгорица, Балканско првенство во ноември во Сараево БиХ и за крај Државно првенство.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *