Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата кон викендот ќе биде во постепен пораст.