Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност. Следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

