Во Втората машка кошаркарска лига изминатиот викенд се одиграа три натпревари на кои победи забележаа домашните екипи.
Во натпреварот од 14.коло одигран во Штип, кошаркарите на Соколи го победија велешки Борец баскет. Со оваа победа штипјани избија на првото место на табелата,
И на другите два натпревари се радуваа домаќините. Екипата на Црн Дрим беше убедливо подобра од вториот тим на Работнички, а МЗТ Скопје У.Б. го победи прилепски Мега баскет.
Утре покрај дербито во Кисела Вода, се се играат уште два натпревари.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
Сабота 8 февруари
СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 93-84
ЦРН ДРИМ – РАБОТНИЧКИ 2018 111-77
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 85-73
(недела)
АНГЕЛИ – МАЏАРИ 84-95
ВОДНО САНС – БУТЕЛ 88-75
СТРУМИЦА ФМП – -ОХРИД 93-84
ТАБЕЛА: Соколи 26 бодови, Ангели 24, Маџари 23, Борец баскет 23, Црн Дрим 23, МЗТ Скопје У.Б. 21, Бутел 19, Мега баскет 19, Охрид 18, Водно Санс 16, Работнички 2018 16, Струмица ФМП 15.
