Во еден од највозбудливите натпревари од сезоната, Соколи 1933 по голема драма го совлада Овче Поле со 112:109, по продолжение од пет минути. Натпреварот изобилуваше со квалитет, борба и неизвесност, а херој на мечот стана најискусниот кошаркар на теренот – Никола Караколев.

При резултат 109:109, во последните секунди од екстра-периодот, Караколев ја презеде одговорноста и со прецизна тројка ја реши судбината на натпреварот, носејќи голема победа на својот тим. Тој мечот го заврши со 25 поени, заокружувајќи одлична партија со потпис на лидер.

Покрај него, блескаше и Костадинов со фантастични 34 поени, а своето придонесоа и Хамилтон (15 поени) и Тодороски (11 поени), кои ја заокружија успешната вечер за Соколи 1933.

Од спротивната страна, Овче Поле беше блиску до подвиг. Неверојатниот Семедо одигра партија за паметење со 41 поен, а поддршка имаше од Блажевски (21), како и Здравковиќ и Донаковски со по 19 поени.

Сепак, вечерта остана во знакот на човекот со најмногу искуство – Никола Караколев, кој покажа зошто е вистински лидер и играч за големи моменти.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *