Од 10 декември, Австралија стана првата земја во светот што воведе забрана за користење на социјални мрежи за лица под 16 години. Новиот закон предвидува блокирање на пристапот до платформи како Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, Х, Јутјуб и Редит, додека апликации за пораки како Ватсап засега остануваат достапни.

Што мисли Македонија за австралискиот модел?

Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел, но прашањето е разгледувано, потврди министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Секоја забрана има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, некои ќе најдат начин да ја заобиколат, а други ќе излезат целосно од контрола. Второ, дали општеството е подготвено за таков чекор?“, изјави Андоновски.

Според него, решението е во едукација и работа со родителите, за да ја насочат употребата на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон натпревари или бесцелни активности.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *