Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени.
До четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.