Радио Angels FM се приклучува во кампањата „Сакај ја Македонската музика“ иницијатива која ќе ги обедини македонските пејачи, музичари и сите кои ја сакаат македонската музика.

Драги пријатели, време е да застанеме заедно и да ја поддржиме нашата домашна музика!
Со гордост ја најавуваме кампањата „Сакај ја Македонската музика“ – иницијатива која ќе ги обедини македонските пејачи, музичари и сите кои ја сакаат македонската музика! Нашата музика е нашето наследство и наш идентитет. Ајде да го зачуваме и промовираме тоа што е наше!
Во оваа пригода, ги повикувам сите мои колеги пејачи, сите медиуми и сите компании кои ја сакаат македонската музика да дадат поддршка на оваа кампања! Важно е да нагласиме дека кампањата нема никаква политичка позадина. Ова е иницијатива која искрено се залага за промоција и поддршка на македонската музика и култура.

Придружете ни се и бидете дел од ова движење! Споделувајте ја вашата омилена македонска песна со хаштагот #СакајМакедонскаМузика и покажете ја вашата љубов кон домашната сцена!

Време е за македонска музика!

На иницијатива на Димитар Андоновски

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *