Задолжително онлајн барање пред престој во европските земји: Во ретки случаи, можно е и одбивање
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Одобрението преку ЕТИАС ќе чини 20 евра и ќе важи за повеќекратни патувања, сè додека пасошот е валиден.
Граничната полиција ќе биде засилено присутна на терен, континуирано ќе ја следи состојбата и ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот, при што јавноста ќе биде навремено информирана за сите новини поврзани со примената на системот.

