Разновидна и внимателно одбрана програма, со реномирани и врвни солисти и диригенти ќе има можност да проследи публиката во рамките на концертната сезона 2024/2025 на Македонската филхармонија, во која оваа најстара културна институција во земјава ќе го прослави својот 80. роденден.
На роденденскиот концерт на 28 ноември, пак, насловен „80 години – љубов“, како солист ќе настапи исклучителниот македонски пијанист, Симон Трпчески, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се премиерната увертира од македонски композитор, Концертот за пијано и оркестар во во а-мол од Едвард Григ, Симфонијата бр.1 „Титан“ од Густав Малер.
Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година, пак, наскоро ќе биде објавена и во каталог и на веб- страницата на Филхармонијата за публиката да може подобро да се запознае со настаните што се составен дел од јубилејната сезона – додаваат од оваа институција.