Симон Трпчески е прогласен за „најдоброто нешто што произлегло од Македонија по Александар Велики“, пишува угледниот сингапурски Стрејтстајмс по повод настапите на нашиот пијанист од светски глас со Сингапурскиот симфониски оркестар. Во пролжение на својата поента, критичарот Џефри Лим поентира: „Иако Трпчески никогаш не ја нападнал Персија, тој со својот сонародник Македонец споделува едноставна смелост и талент за совладување тешки пречки, што се докажува со неговата свежа, атлетска изведба.
Лим во продолжение на својата рецензија оценува: „Ова беше изведба на динамичност, умешност и медитеранска директност, а не хипнотичка концентрација како таа на Свјатослав Рихтер или патрициска елоквенција како кај Гарик Олсон (кој го свиреше делото со овој оркестар во многу поинаква интерпретација пред две години). Трпчески е природен шоумен кој уживаше во незгодните пасажи со елан на магионичар кој вади зајак од шапка. Надворешните движења беа изведувани со возбудливо темпо, со одличен ефект во пофренетичните моменти како што е влезот на пијаното што се протега со тастатурата во последниот став. Имаше неколку немирни моменти во првиот став, при што виткиот, чист звук на Трпчески понекогаш не успеваше соодветно да се проектира врз оркестарот. Исто така, се пропушти невротичната болка во срцето на делото, особено во вториот став, чии долго извиткани мелодии честопати се чувствуваа декламаторски, а не исповеднички. Ова не беше потпомогнато од Инбал и тенденцијата на Оркестарот да вметнуваат паузи кои се чинеа малку премногу долги помеѓу секој такт од главната тема. Сепак, тоа беше брилијантна, енергична изведба која заслужи стоечки овации“.
Во продолжение на сезоната, Трпчески го очекуваат и настапи во Соединетите американски држави, Канада, Малта…
