Од нашите гласови зависи дали „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ќе влезе во потесната листа за наградата „Оскар“ која Американската академија за подвижни слики, уметност и наука ќе ја објави на 16 декември во 22 часот. „Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Ова е вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм. Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.
– Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за „Оскар“. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот. Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори – велат од тимот на Котевска кој организира активна промоција на нашиот филм во САД.
