Од денес продолжува доуредувањето на новото шеталиште во Штип- познатата едносмерна улица. На преконференција градоначалникот Иван Јорданов истакна дека од денес ќе се започне со доуредување на шеталиштето а тоа значи деќа ќе бидат поставени урбана опрема, жардинерии, садници однсоно на се она што го предвидува самиот проект.
Освен ова ќе се преуредуваат самите павер елемнти, плочници имајќи предвид дека сеуште не е пуштена во употреба.
Како што истакна градоначалникот Јорданов, со ова ќе се финализира првата фаза од уредување на шеталиштето, а во иднина планирано е и уредување на изгледот на околните станбени згради со цел Штип да добие модерно шеталиште со модерен и урбан изглед.