Основање на една компанија е сон на човек кој сака да создаде нешто што ќе трае. Токму таква е приказната на еден човек Петре Јордев кој на 15 јануари 1990 година ја основа компанијата Пеком Инженеринг. Во време на предизвици и неизвесност, Петре Јордев ја основа компанијата како мала софтверска фирма. Како што компанијата растеше од софтерска фирма се насочи кон трговија со бела техника, а потоа и првиот индустриски потег со купување на фабрика за производство на дрвени прозорци Мебел, Штип.
Таткото, визионерски лидер, ги вклучи своите деца Тања Јордева Тимовска (која денес е генерален менаџер на компанијата) и Горан Јордев (извршен директор). Овој семеен тим вклучувајќи го и Кире Тимовски (директор на производство ) ја постави основата на компанијата која ќе прерасне во вистинска деловна империја.
Компанијата Дик Фогус за столици каде Тања Јордева Тимовска е генерален менаџер. Овие висококвалитетни столици, изработени со врвна прецизност и модерен дизајн, денес се препознаени низ целиот свет. Најголемата потврда за нивниот труд е изградбата на модерен трговски центар Stip City Mall– симбол на истрајноста, визијата и семејниот успех.
Енџелс Фм ја контактираше Тања Јордева Тимовска- генерален менаџер на компанијата ДИК ФАГУС.
Енџелс Фм: Како е да се води една компанија со предизвици низ годините?
Тања Јордева Тимовска: Нашиот пат низ сите овие 35 години беше тежок. Со предизвици и многу ноќи поминати во неизвесност. Но, со секој чекор докажавме дека храброста, чесноста, упорноста и трудот секогаш победуваат.
Енџелс Фм: И покрај предизвиците, дали сте помислувале за откажување? Која беше мотивацијата до истрајноста?
Тања Јордева Тимовска: Со гордост, но и со одговорност ја водам оваа компанија кон патот на успехот, но кога работиш со љубов ниту еден предизвик не е преголем. Бидејќи, најголемата сила доаѓа од срцето. Сепак, ова само не е наша приказна, всушност е приказна и на целиот тим, на партнерите со кои соработуваме и на сите кои веруваа во нас сите овие години. И сакам да им се заблагодарам.
Енџелс Фм: Кои се вашите планови за во иднина?
Тања Јордева Тимовска: Продолжуваме напред тимски со истата визија ќе продолжиме да креираме и да чекориме кон патот на успехот.
Во тек е подготовката на новиот детален урбанистички план, како и архитектонското и урбанистичко решение. Станува збор за „Stip Water Front“ ќе биде модерно планирана населба која ќе внесе нова динамика. Со фокус на современ дизајн и функционалнос. Проектот има за цел да создаде простор кој ќе даде траен белег на целокупниот урбанистички изглед на градот. Како што истакна и Тања Јордева Тимовска допрва Штип ќе ужива.