Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор, како и деновите за празниците, а во планот често е вклучен и авионскиот превоз доколку се одлучат за подалечна дестинација.

Ако одлучите да побарате карти за викенд, кога не работите и немате одредени обврски, ви советуваме да не го правите тоа. Зошто? Затоа што цените се повисоки во недела отколку во другите денови, а тоа авиокомпаниите го прават намерно. Цената на билетот на овој ден може да поскапи околу 40 отсто, па најдобро е да побарате билети на почетокот на неделата, тогаш се нудат најголемите попусти и „рапродажби“ на преостанатите места.

Исто така, иако пристигнувањето на пораки на вашата е-пошта може да ве нервира, ова може да биде корисно, бидејќи ќе добиете евтини летови за време на празниците. Многу авиокомпании нудат попусти за време на специјални датуми, па затоа искористете го тоа.

Се разбира, не треба да се напоменува дека цените за летовите од големите аеродроми се многу поскапи отколку за помалите, затоа секогаш прво почнете да барате летови од помалите аеродроми, ќе добиете подобар договор.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *