Победник на 75-тиот фетивал на италијанската канцона „Сан Ремо“ е пејачот Федерико Оливиери, (чие уметничко име е Оли ) со песната „Глупава носталгија“ со која тој ќе настапи како претставник на Италија на годинешниот избор за Песна на Евровизија.

Годинава во текот на петте вечери, настапија 29 изведувачи, вклучувајќи ги и петмината најдобри изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кој се одржа минатата година.

„Сан Ремо“ остана доследен на традицијата: не заборавајќи ги постарите пејачи и песни, програма со современа италијанска канцона, со жива музика и интерпретација, со одлични интерпретатори, гардероби кои ќе се паметат, одличен тон и ТВ реализација.

На првата вечер беа претставени сите 29 учесници, а на втората, настапија 15 изведувачи кои се пласирале најдобро од првата вечер заедно со најдобрите пет изведувачи од фестивалот „Нови предлози“ кој традиционално се одржува пред „Сан Ремо“ и од каде најдобрите пет изведувачи обезбедуваат учеството на фестивалот.

На втората вечер, вниманието, освен кон натпреварувачите, беше насочено и кон Демијан Дејвид, пејачот на познатата група „Манескин“ која победи на „Евровизија“ во 2021 година.

Третата вечер беше резервирана за повторно преслушување на најдобрите 15 изведувачи.

Водители на фестивалот беа Карло Конти, како и Алесија Маркузи и Алесандро Кателан.

Инаку, Алесандро беше еден од домаќините на 66. Избор за Песна на Евровизија, кој се одржа во Торино.

На четвртиот фестивалски ден на „Сан Ремо“, кој вообичаено се нарекува „Cover Night“, пејачите самостојно или со други интверпретатори, исполнуваа свои или хитови од италиијанската и светската музичка сцена.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *