Неделава ја почнуваме со можеби најактуелниот настан во светот а тоа се изборите во Соединетите Американски држави. Многумина од светските музички ѕвезди веќе си ги објавија фаворитот за кој ќе гласаат а дел од нив се вклучени во претседателските кампањи како што е Џенифер Лопез, Хари Стајлс, актерката Џулија Робертс. Стиви Вондер и Брус Спрингстин, додека пак  многумина од ѕвездите дадоа јавна поддршка.

Претседателската каднидатка Камала Харис ја поддржаа Бијонсе, Тејлор Свифт, Били Ајлиш, Рики Мартин Стиви Никс, Карди Би, Џејсон Исбел, Џон Леџенд, Кети Пери.

Мадона е последната музичарка која ја поддржа Харис како што се приближуваат претседателските избори.

Пејачката на „Express Yourself“ претходно ја изрази својата поддршка за Харис уште во 2020 година, кога таа беше кандидат за потпретседател кој се кандидираше заедно со Џо Бајден. „Камила е интелигентна, сочувствителена, добар говорник и лидер кој се залага за правда и еднакви права за сите луѓе“, напиша таа во тоа време.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *