Младата и супер-талентирана, 25-годишна пејачка Sabrina Carpenter е првата музичарка по 71 година која поминала полни 20 недели на врвот на Официјалната сингл листа, пишува Official Charts.
По повеќе од десет години во светот на музиката и актерството, Sabrina минатата година доживеа светска слава и стигна до врвот на престижните топ листи со глобалните хитови „Nonsense“ и „Feather“, кои и денес се вирални на социјалните мрежи. Годинава постигна огромен успех со сингловите „Espresso“ и „Please Please Please“.
Таа е втор уметник во историјата кој успеал да помине 20 недели на врвот на Сингл листата,
Нејзината песна „Taste“ го држи првото место осма последователна недела, што ја прави најдолготрајниот број 1 сингл во 2024 година. Ова достигнување значи дека Sabrina помина вкупно 20 недели на врвот на Официјалната Сингл листа оваа година со „Taste“ (осум недели на број еден), седум недели на број еден позицијата со „Espresso“ и пет со одличната „Please Please Please“.
Таа е само втората пејачка во историјата на музиката која поминала 20 недели на првото место во една календарска година. Претходно, само пејачката Frankie Laine го постигна тоа во далечната 1953 година.
Sabrina го обезбеди и својот четврти топ 10 хит од албумот „Short N’ Sweet“. Нејзината песна „Bed Chem“ влезе на топ листата на деветтото место.
Таа беше и на насловната страница на 100-те највлијателни млади лидери на Time
Sabrina овој месец се најде и на насловната страница на Time’s 100 Next, листата на која се највлијателните поединци кои ја обликуваат иднината на нивните области. На оваа листа се млади лидери, иноватори и ѕвезди во подем од различни сектори, како што се технологијата, забавата, политиката, спортот и други индустрии.

