За првпат Македонија има свој претставник во италијанскиот шампионат за брзински мотори – во класата National Trophy 1000, каде се натпреваруваат и возачи со искуство од светскиот шампионат (WSBK).

На прочуената и технички многу барана патека во Имола, штипјанецот Роберт Анакијев стигна до одличната 10-та позиција!

Овој успех е доказ дека соништата стануваат реалност кога зад нив стојат труд, упорност и многу срце. Без поддршка од спонзори, Роберт самостојно покажа дека и невозможните цели може да се достигнат.

Со својот мотор под број 369, тој не ја претставува само својата личност, туку и Штип и цела Македонија. Секоја негова трка е инспирација и порака до младите дека никогаш не треба да се откажуваат.

Извор/ фб профил на Секојдневието во Штип

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *