Ридарска чешма, култно место и еден од симболите на Штипско Ново Село.

Изградена во Византиско време, а водата извира од ридот.

74 годишниот штипјанец Владо Пиперевски живее на ова место, неговата куќа е изградена токму над Ридарска чешма. За Радио Angels FM раскажа како било во минатото.

„ Живеам токму на ова култно место, точно и јас незнам кој ја направил, но со сигурност тоа се хумани луѓе,  тоа е многу оддамна  и е дефинитивно од Византиско време. Точниот извор никој не го знае. Со сигурност можам да кажам дека  оваа вода е многу поквалитетна од онаа што ја пиеме бидејќи минува низ камења и карпи. Ние жителите кои живееме околу самата чешма се грижиме за неа, ја одржуваме и ја чуваме.  Она што исто така сакам да го истакнам е тоа дека водата постојано ја проверуваат “……Раскажува Владо Пиперевски

Доаѓаат граѓани од цел град и полнат вода бидејќи и во најсушните времиња не секнала и од оваа чешма се полни вода за пиење и разладување.

Додава дека ова е збирно место на многу генерации место на сите „Ридарци“ така се викаме ние овде меѓу себе истакна Владо. Сите дечиња овде си играат, овде пораснаа, овде е радосно а самиот симбол го украсува нашето место.

Хумани граѓани  пред една година овде допринесоа за обновување и разубавување на ова место за Штип и штипјани.

 

 

Освен Ридарска чешма, Ридарско маало ја има и познатата казаница за печење ракија стара 180 години и е токму на 74 годишниот Владо Пиперевски. Се наоѓа на три метри  до Ридарска чешма.

Од 138 казаници во Штип од кои 18 биле во штипско Ново Село, денес во функција е само Пиперевската казаница која се наоѓа во таканареченото Ридарско Маало во оваа стара штипска населба.

Владо Пиперевски, кој 40 години работел во Општина Штип, најпрвин како возач речиси 30 години и 10 години во општинската служба за обезбедување, вели дека и тој во својата казаница си пече ракија за свои потреби. Повеќе од три децении воопшто не пие алкохол, но во казаницата го пече грозјето од лозниците во дворот од куќата, па тие дваесетина литри ги чува за своите гости, роднини и пријатели.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *