Нема повеќе ефтини летови од 10 евра изјави Шефот на авиокомпанијата „Рајанер“ Мајкл О`Лари. Авиокомпанијата нема повеќе да нуди летови по најниски цени поради растот на цената на горивата. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионска карта порасна за отприлика 40 евра и во следните најмалку пет години ќе чини 50 евра. Сепак О`Лари верува дека луѓето ќе продолжат да летаат покрај високите цени.