На 29 август 1925 година се случила првата опера  со наслов  Палјачо од Руџеро Леонкавало  под диригенство и во клавирска придружба на легендарниот Русин Сергеј Михајлов, кој работниот век го поминал во Штип и од 2005 година штипското музичко училиште го носи неговото име. Билетите за премиерата, биле по цена од 15, 30 и 50 тогашни динари, биле однапред распродадени. На сцената бил тогашниот градски хор „Единство“, како и петмина тогашни штипски актери.

Операта „Палјачи“ била регистрирана како 201. претстава на тогашниот штипски театар и како прва опера. За тоа иформирал и тогашниот печат, како за прва оперска претстава во Штип „и во цела Јужна Србија“.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *