Победничкиот есеј, ќе биде објавен и во националното филозофско списание „Филозофска трибина“ а Стојанов доби едногодишна стипендија на од Internacionalen Univerzitet Europa PRIMA, македонски филмови од македонската Кинотека, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“ и од Филозофски факултет – Скопје, книги и списанија од областа на филозофијата и филмот од PHILOSOPHICAL SOCIETY of MACEDONIA, пригодни награди од Goethe-Institut Skopje, и ваучери во финансиска вредност од 6.000, 3.000 и 1.500 ден.
За Angels FM
„Натпревар по пишување на есеј на зададена тема а по повод изгледан филм. Мотив ми беше изгледаниот филм „Стравот ја јаде душата“ (1974) од германскиот режисер Рајнер Вернер Фасбиндер. На анонимниот конкурс пристигнаа 20 есеи, а комисијата за нaјдобар го избра мојот. Инаку иднината ја гледам во филмот и филмската монтажа, и планирам да студирам монтажа. Оваа награда едногодишна стипендија на фукултетот Europa Prima ќе ми дојде одлично“ истакна Методиј Стојанов